Бела куќа: Северна Кореја и обезбедила на Русија балистички ракети

Фото: МИА

Северна Кореја неодамна и доставила на Русија балистички ракети и лансирни рампи за употреба во конфликтот во Украина, соопшти денеска Белата куќа, повикувајќи се на декласифицирани разузнавачки информации.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека трансферот на оружје на Северна Кореја во Русија е „значајна и вознемирувачка ескалација“ и додаде дека САД ќе воведат дополнителни санкции против оние кои ја олеснуваат продажбата на оружје.

Кирби нагласи дека Иран не ја снабдува Москва со балистички ракети со краток дострел, но дека Вашингтон верува дека Русија има намера да купи дополнително ракетно оружје од Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот