Бектеши–Лиубченко: Поголема либерализација во трговијата значаен поттик за економската соработка

Натамошната либерализација на трговијата меѓу Северна Македонија и Украина ќе биде значаен поттик за компаниите од двете земји да извезуваат голем број домашни производи, без царина или со намалена царина, истакнаа на денешната работна средба во Киев министерот за економија Крешник Бектеши и првиот вицепремиер и министер за економија на Украина, Олексиј Лиубченко.

Главна тема на средбата беше претстојната трета седница на Меѓувладината македонско – украинска комисија за следење на Договорот меѓу македонската и украинската Влада за трговска и економска соработка што ќе се одржи утре, 16 јуни во Киев.

Министерот Бектеши ќе биде ко-претседавач на оваа седница заедно со заменик министерот за економија, трговија и земјоделство Тарас Качка кој е назначен од украинска страна.

Како што рече Бектеши на средбата, билатералните односи меѓу двете земји базираат на меѓусебна поддршка и почитување, а традиционалното пријателство е предуслов за стабилна основа за соработка која, според него, ќе продолжи со позитивен тренд и во периодот што претстои во сите области од заеднички интерес, посебно на економски план.

Министерот потенцираше дека како резултат на плодната соработка во последните две години, односно пред пандемијата, двете држави успеале за граѓаните да овозможат безвизен режим за краткорочен престој од 90 дена, директен авио лет Киев – Скопје и обратно, како и збратимување на седум општини од Северна Македонија и Украина.

-Се интензивира севкупната соработка, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот, истакна Бектеши.

Тој дополни и дека двете земји имаат исти приоритети, а тоа се евро-атлантските структури, при што од секаков вид на заемна поддршка на патот кон придружување во евроатланските организации е добредојдена, а тоа се потврдува и со Планот за политички консултации што двете министерства за надворешни работи го потпишаа пред пандемиjата.

Министерот посочи дека оваа година, двете земји во рамки на билатералните односи, успеаја да договорат нова либерализација согласно Договорот за слободна трговија и изрази надеж дека во најскоро време ќе се потпише таа либерализација, бидејќи е значаен поттик за компаниите да можат да извезуваат голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот