Беадини ги отфрла обвинувањата за плагијат

ДУТ

Поранешниот ректор на УТ Неџбедин Беадини, којшто се најде меѓу посочените во случајот со плагијаторство во ДУТ, во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, рече дека лицето што ја започнало оваа иницијатива не е компетентно и покрај фактот што тоа можеби имало добри намери. Според Беадини, постојат надлежни институции кои мораат да се справат со отвореното прашање за плагијаторство, за вистината да излезе на виделина.

„Никогаш во животот не сум зборувал за себе, но денес ќе зборувам затоа што моето мислење ме обврзува и имам морална обврска да ја кажам вистината. Вистината е дека целата моја кариера за школување е позната во јавноста, затоа што имаме CV објавени на Интернет, мојата кариера е позната како експерт, како професор и како лидер. Лицето за кое станува збор не е надлежно да нè оценува, без разлика дали сме професор или не, дали сме плагијатори или не, или други прашања, затоа што има органи. И треба да знаете дека случајот со плагијат, феноменот на плагијаторство, е феномен што е организиран со закон. Подразбира авторско право што на лицето за кое му е одземено делото, текстот, дел од делото и така натаму, е надлежно за авторските права, дека тој го доставува ова дело на официјалните тела“, изјави Неџбедин Беадини.

Тој посочи дека прашањето за плагијаторство е прашање поврзано со авторските права и дека се решава со парница, што според него ќе се случи. Сепак, наведе дека никој нема право да го потценува Универзитетот во Тетово и дека тој бил апострофиран во случаите за плагијаторство од страна на списание кое нема ниту адреса ниту име. Но, на прашањето од новинарот Назим Рашиди дали ги прифаќа обвиненијата против него, тој одговори:

“Апсолутно не. Ако навлеземе во оваа работа, ќе се зафатиме воопшто за да видиме што е вистината. Но, немаме право толку многу да го потценуваме Универзитетот во Тетово. Како и да е, јас сум апострофиран, што не значи дека ова е вистина, затоа што ме апострофирало списание кое нема адреса и име, уште еднаш реков дека веројатно има добра намера, но дека вистината е ова: Има надлежни тела, тоа е наставно-научен совет на факултетот, тоа е докторско раководство на студии од трет циклус, тоа е Ректорат на Универзитетот во Тетово, тоа е Сенат. Ова се надлежните тела што ќе ја оценуваат нашата академска работа, а тоа е министерството за образование, но не со надлежност на плагијат и кражба, затоа што ова е заштитено со авторско право. Авторските права поминуваат низ судски спор и вака ќе се случи. Во секој случај, инспекторатот нека ја каже својата работа, ние ќе ја кажеме нашата и ќе видиме каде сме“, изјави Беадини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот