Батериите како клучни во стратегијата: „Епл“ планира да почне да произведува автомобили во 2024 година

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Американската компанија „Епл“ продолжува со развој на автономни возила и планира во 2024 година да произведе патнички автомобил што би ја користел нејзината технологија за батерии.

Клучно во стратегијата на „Епл“ е новиот дизајн на батерии, со кој „радикално” би се намалиле трошоците и ќе се зголеми растојанието што ќе го минуваат возилата.

Сè уште не е познато кој ќе ги составува автомобилите на „Епл“, но се очекува компанијата да се потпре на партнерите во автомобилската индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот