Баша: Повеќе од три часа на дожд, нема сила која ќе не натера да преговараме со злото

фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Со обраќањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, од пред седиштето на партијата пеењето на националната химна заврши петтиот голем протест на обединетата албанска опозиција против актуелната Влада.

– Албанија, а ни Европа не познаваат ваков отпор и одлучност. Повеќе од три часа на дожд, одлучни во нашата цел дека не постои сила на земјата да не спречи во нашава цел за слободни и фер избори. Нема сила, која ќе не натера да преговараме со злото. Злото ќе си оди за да ја отвори Албанија, како цела Европа. Со огромна одлучност ја продолжуваме оваа наша битка за Албанја како цела Европа, порача меѓу другото Баша.

И покрај обилниот дожд илјадници приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани останаа три часа извикувајќи „Рама оди си”.

Протестот почна од пред Владата, каде се обрати Баша, а потоа насобраната толпа продолжи со марширање кон Парламентот, Министертвото за внатрешни работи, каде беа флани пиротехнички средства и димни бомби.

Потензично беше пред Дирекцијата на Полицискиот комесаријат во Тирана каде се бараше ослободување на 50-те притворени во саботните протести, преполни со насилства, кои утре треба да излезат пред судија.

Демонстрантите фрлија еден молотов коктел, камења и димни бомби, но по барањето на полицијата преку мегафон да се воздржат од насилни акти, за да не мора полицијата да интервенрира, состојбата се смири.

Овдека беше повреден еден полициски службеник и искршени неколку стакла од прозорците на објектот.

Иако, во помал број од почетокот на протестот, учесниците на протестот продолжија до седиштето на Демократската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот