Барселона подготви неверојатна понуда за Мбапе

Килијан Мбапе/twitter/bleacherreport

Фудбалската емисија во Шпанија, „Ел Чирингито ТВ“, јавува дека Барселона подготвни неверојатна понуда за ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Управата на каталонскиот клуб во текот на летото постојано се обидуваше да го врати Нејмар повторно во своете редови но не успеа да се договори со ПСЖ, и сега се свртеа кон втората ѕвезда на францускиот тим.

Челниците на Барселона веруваат дека имаат понуда која ПСЖ тешко дека ќе ја одбие, тие нудат 120 милиони евра и покрај парите ги нудат и Антоан Гризман и Осман Дембеле.

Договорот на Мбапе со ПСЖ е до 2022 година, а во последните неколку месеци се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но во Барселона се надеваат дека ќе успеат да го намамат францускиот тим да се согласи на продажба на својот млад фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот