Барселона го одреди буџетот за јануари

фото: твитер

Управата на Барселона одреди буџет од 75 милиони евра за трансфери во зимскиот преоден рок, буџетот за летниот преоден рок ќе биде многу поголем, објави каталонскиот весник „Спорт“.

Според весникот, челниците на екипата не планираат по секоја цена да ангажираат засилувања во претстојниот преоден рок, а фокусот ќе биде ставен на фудбалери помлади од 25 години.

Весникот пишува дека Барселона нема само да купува во зимскиот преоден рок туку планира и да продаде неколку фудбалери, пред се Артуро Видал за кого има интерес од Интер и од неколку англиски премиерлигаши, а „каталонците“ сакаат што поскоро да ја решат судбината и на Фелипе Кутињо кој моментно настапува како позајмен фудбалер во Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот