Барди на излезни врати од Леванте – Слободен печат
СпортФудбал

Барди на излезни врати од Леванте

Поради големата конкуренција во средниот ред и „загарантираните“ места во првата постава, Леванте најверојатно ќе го жертвува македонскиот репрезентативец.

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, лесно може да се случи да го напушти Леванте и да се пресели во друг шпански прволигаш, Еспањол.

Леванте во текот на летниот преоден рок се засили со Гонзало Мелеро на кого при потпишувањето на договор му е ветено дека ќе биде стандарден првотимец, исто како и Рокина и Кампања, кои играат во средниот ред со што се намалуваат шансите за Барди да биде редовен дел од првата постава на Леванте.

Шпанскиот тим е подготвен да се откаже од услугите на Барди само доколку пристигне понуда од 15 милиони евра, а најголем интерес за него пројавува Еспањол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close