Бајден: Владата мора да го смени целиот свој пристап кон прашањето за расна нееднаквост

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ со кој му се забранува на Министерството за правда да се потпира на приватни затвори и да спроведува дискриминаторска политика за домување.

Како што пренесуваат странските агенции, пред потпишувањето на указот, Бајден посочил дека Владата мора да го смени целиот свој пристап кон прашањето за расна нееднаквост.

– Ние мора да се промениме сега. Ќе треба време, но знам дека можеме да го сториме тоа и цврсто верувам дека нацијата е подготвена за промени. Но, Владата исто така мора да се промени, рече Бајден.

Тој додаде дека земјата е помалку просперитетна и безбедна поради можноста за системски расизам.

Новата одлука, потпишана од Бајден, исто така, повторно наложува дека со тоа се почитува племенскиот суверенитет и се отфрла дискриминацијата на заедниците со потекло од Азија и Пацифичките острови поради пандемијата на коронавирусот.

Покрај тоа, оваа уредба предвидува дека Министерството за правда нема да може да ги обновува договорите со приватните казнено-поправни установи и ова е првиот чекор насочен кон спречување на корпорациите да профитираат од испраќање осудени лица на издржување затворски казни, оцени Бајден. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот