БАФТА 2024: „Опенхајмер“ со најмногу номинации на британските филмски награди

Килијан Марфи, Роберт Опенхајмер, „Oppeneimer“
Килијан Марфи во „Oppenheimer“ / Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Британската академија за филмски и телевизиски уметности (англиски: The British Academy of Film and Television Arts, кратенка: BAFTA) ги објави номинациите за годинашните филмски награди.

Филмот „Опенхајмер“ води со 13 номинации, филмот „Кутри нешта“ има 11 номинации, а филмовите „Убијци на цветната Месечина“ и „Зона на интерес“ имаат по 9 номинации.

Свечената церемонија ќе одржи на 18 февруари, во Кралската фестивалска сала на центарот Саутбанк во Лондон, а актерот Дејвид Тенант ќе биде домаќин на годинашното доделување.

„Најдобар филм“

  • „Анатомија на падот“
  • „Остатоците“
  • „Убијци на цветната Месечина“
  • „Опенхајмер“
  • „Кутри нешта“

„Најдобар британски филм“

  • „Сите нас странци“
  • „Како да имаш секс“
  • „Наполеон“
  • „Стариот даб“
  • „Кутри нешта“
  • „Рај Лејн“
  • „Салтберн“
  • „Стругач“
  • „Вонка“
  • „Зона на интерес“

„Најдобар режисер“

  • Ендру Хеј, „Сите нас странци“
  • Џастин Триет, „Анатомија на падот“
  • Александар Пејн, „Остатоците“
  • Бредли Купер, „Маестро“
  • Кристофер Нолан, „Опенхајмер“
  • Џонатан Глејзер, „Зона на интерес“

„Најдобар актер“

  • Бредли Купер, „Маестро“
  • Колмин Доминго, „Растин“
  • Пол Џамати, „Остатоците“
  • Бери Киган, „Салтберн“
  • Килијан Марфи, „Опенхајмер“
  • Тео Јо, „Минати животи“

„Најдобра актерка“

  • Фантазија Барино, „Виолетова боја“
  • Сандра Хулер, „Анатомија на падот“
  • Кели Мулиган, „Маестро“
  • Вивијан Опара, „Реј Лејн“
  • Марго Роби, „Барби“
  • Ема Стоун, „Кутри нешта“

„Најдобар актер во споредна улога“

  • Роберт де Ниро, „Убијци на цветната Месечина“
  • Роберт Дауни Џуниор, „Опенхајмер“
  • Џејкоб Елорди, „Салтберн“
  • Рајан Гослинг, „Барби“
  • Пол Мескал, „Сите нас странци“
  • Доминик Сеса, „Остатоците“

„Најдобра актерка во споредна улога“

  • Емили Блант, „Опенхајмер“
  • Даниел Брукс, „Виолетовата боја“
  • Клер Фој, „Сите нас странци“
  • Сандра Хулер, „Зона на интерес“
  • Розамунд Пајк, „Салтберн“
  • Давајн Џој Рендолф, „Остатоците“

Номинациите во останатите категории можете да ги прочитате тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот