Азар: Во Реал дојдов за да ја освојам Лигата на шампионите

twitter/laliga

Еден Азар за сума од 105 милиони евра во текот на летниот преоден рок од Челси се пресели во Реал Мадрид и треба да биде лидер на новите „галактикоси“. Но, Белгиецот не блеска со игрите иако навивачите очекуваа дека тој ќе продолжи таму каде што застана Кристијано Роналдо, да доминира во Лигата на шампионите.

– Лигата на шампионите е многу важна за мене. Со Челси само еднап играв во полуфиналето на ЛШ. Свесен сум дека не е лесно да се триумфира во ова натпреварување, но во Реал дојдов за да ја освојам токму Лигата на шампионите – изјави Азар за клупската телевизија на Реал.

Белгиецот оваа сезона одигра седум натпревари за „кралскиот“ клуб на кои постигна еден гол и имаше две асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот