Автопатот Атина – Солун попладнево ќе биде отворен и во двата правци

Автопат илустрација /Фото: МИА

Автопатот Атина – Солун попладнево ќе биде отворен и во двата правци, но само за автомобили и возила до 3,5 тони, а сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента.

Од компанијата која управува со автопатот соопштија дека денеска во 17 часот по локално време ќе биде пуштен за сообраќај делот околу Лариса што беше затворен поради излeвањето на реката Пиниос.

Сообраќајот ќе се одвива регуларно во двата правци, но само по левата лента.

За тешките возила, за кои сега постои забрана, дополнително ќе излезат со соопштение откако ќе завршат со потребните проверки.

Сообраќајот на автопатот Атина – Солун, во делот околу Лариса беше во прекин од саботата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот