Автомат клубовите АСТРА донираа дезинфикциони средства во вредност од 20.000 евра на Општа клиничка болница Охрид

Продолжува големата хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС.

Започна вториот дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, со донација на дезинфикциони средства на ЈЗУ Општата болница во Охрид од страна на автомат клубот „Астра“ во износ од 20.000,00 евра.

Оваа кампања започна минатата недела каде се донираа и медицински електрични кревети на здраствените институции кои се на првата линија во борбата против пандемијата од КОВИД-19 вирусот, исто така во износ од 20.000,00 евра, додека вкупната донација кон оваа здравствена институција изнесува 40.000,00 евра.

Како компанија веруваме дека токму во овој период каде бројките на заболени лица од вирусот се се поголеми овој вид на донации се од голема помош на институциите како и на здраствениот персонал.

Во овој период кога сме изложени на ризик по нашето здравје, кога се бориме со еден невидлив непријател, единството и солидарноста се особини кои ќе ни помогнат полесно да го надминеме овој предизвик.

Оваа „нова реалност“ во која живееме, секојдневно ни покажува  дека секој дел од  општеството е важен и меѓусебе поврзан и токму затоа секоја подадена рака е еднакво важна.


Комерцијален текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот