Автобус на ЈСП се запали во центарот на Скопје, повредени нема

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Во центарот на Скопје, кај комплексот банки, попладнево се запали автобусот на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат.

Како што потврди за МИА Владимир Симоновски од Противпожарната бригада, причината за пожарот е запалување на моторот на автобусот.

– Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување на нафта. Противпожарната екипа интервенираше во гаснење на пожарот и сега е завршено, рече Симоновски.

И од МВР потврдија дека „причината за пожарот е моторот” и дека тој веќе е изгаснат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот