Австриски „Дер Стандард“ тврди: Во 2020 година од Турција кон грчките острови ќе се упатат 100.000 мигранти

Фото: МИА

Владата во Атина очекува следната година дека околу 100.000 мигранти од Турција ќе се упатат кон грчките острови. Ова го нагласи владиниот комесар за првичниот прием на бегалци Манос Логокетис.

„Кризата е актуелна и сериозна”, го цитираше него австрискиот весник „Дер Стандард”.

Логокетис изјави дека во 2020 година грчката Влада планира да депортира 10.000 баратели на азил во Турција. За таа цел, ќе бидат ангажирани дополнителни 270 лица за да помогнат во процесот на азил. Покрај тоа, на петте острови ќе бидат изградени нови прифатни центри, кои го носат товарот на миграциското движење.

Со месеци, бегалци доаѓаат на Егејските острови преку Турција. Состојбата во тотално пренатрупаните кампови за регистрација излегува од контрола, условите таму се драматични, според хуманитарните извештаи, нагласува весникот.

Според најновите информации од Атина, над 41.000 луѓе продолжуваат да живеат во камповите на островите. Ова е најголем број мигранти регистрирани од потпишувањето на договорот меѓу Турција и Европската унија (март 2016 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот