Австрија има повеќе излекувани од новозаразени со коронавирусот

Фото: Профимедиа

Во Австрија, четврти ден по ред, има повеќе излекувани отколку новозаразени лица со Ковид-19.

Од понеделникот се пријавени дополнителни 583 лица кои се излекувани, додека има новозаразени  332 лица.

Вкупно, во моментов се заразени 8.043 лица и нивниот број е намален за 3,4 проценти во однос на претходниот ден, додека 12.332 лица се тестирани позитивно од почетокот на епидемијата во Австрија.

Тековните движења, велат експертите, не укажуваат дека постои ризик од преоптоварување на болничките капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот