Атлетите на Специјална олимпијада Македонија спортуваа на „Европската кошаркарска недела“

Специјална Олимпијада Македонија заедно со нашата федерација го организираше 20. издание на европската кошаркарска недела.

Европската кошаркарска недела 2023 опфати играње на се популарниот „3Х3 basketball“ во чии рамки лицата со интелектуална попреченост изминатиот викенд, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје се натпреваруваа заедно со  партнерите во Јунифајд (Unified) тимови.

Преку заземање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со ФИБА и кошаркарската Евролига, Специјална Олимпијада Македонија уште еднаш, во оваа прилика, повика на еднаквост и ја нагласи потребата за еднакви можности за сите.

Во рамките на настанот, обраќање имаа претставници на кошаркарска федерација на Македонија, специјална олимпијада Македонија, фонд за население на Обединетите нации – УНФПА, како и спортскиот амбасадор на Агенцијата за Млади и Спорт

Фото: КФСМ
Фото: КФСМ
Фото: КФСМ
Фото: КФСМ
Фото: КФСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот