„Астра-Зенека“ предизвикала најмногу несакани ефекти кај вакцинираните Австријци

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Кај вакцинираните лице против ковид-19 во Австрија, најчесто несаканите ефекти се појавуваат кај вакцините „Астра-Зенека“, а најмалку кај „Фајзер“, според извештајот на државната канцеларија за здравствена безбедност (БАСГ).  

Несакани ефекти на „Aстра-Зенека“ се регистрирани во 12,3 проценти, а кај „Фајзер“ во 2,27 проценти од случаите. Овој процент е 3,49 проценти за „Модерна“ и 5,55 проценти за „Џонсон и Џонсон“.  

Извештајот за несакани ефекти се базира на 10,7 милионите вакцинирани лица од крајот на декември 2020-та година до крајот на септември оваа година. БАСГ посочува дека ова не се сериозни несакани ефекти.  

„Пријавените несакани ефекти одговараат и по интензитет и по фреквенција со податоците од студиите на индивидуалните производители, поднесени пред издавањето дозволи“, велат од канцеларијата.  

Во само два случаи беше откриена поврзаност со смрт по вакцинација  

53 проценти од несаканите ефекти биле црвенило околу местото на инјектирање, главоболка и замор.  

Властите, исто така, објавија 177 смртни случаи по вакцинацијата, од кои само две открија врска помеѓу смртта и вакцинацијата.  

Четворица од починатите биле исклучени со обдукција, 20 од починатите биле вакцинирани за време на инкубацијата на коронавирусот од кој подоцна починале, а во 34 случаи тие беа пациенти со тешки болести што претходеа на вакцинацијата.  

Точната причина за смртта сѐ уште не е утврдена кај 117 смртни случаи, се вели во извештајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот