1 C
Скопје

Арсовски: Коста Петров троши 200 илјади евра за себепромоција

Државата тоне во рецесија, над 55.000 граѓани се отпуштени од работа и ги загубија своите работни места како резултат на корона пандемијата и економската криза, а директорот на Фондот за иновации Коста Петров си остварува детски соништа за 200.000 евра да биде актуелен и да се појавува на медиумите, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на прес-конференција.

– Коста Петров, кој е потпретседател на СДСМ и директор на Фондот за иновации, склучил рамковен договор со две маркетинг агенции во вредност од 200.000 евра. Само што дојде на функција. Малку му била една агенција, па склучил договор со уште една само за да си снима интервјуа и спотчиња во Фондот за иновации. Замислете, 55.000 граѓани останаа без работа, стопанството и приватните компании не можат на ред да стигнат до државна помош од фирмите блиски до СДСМ и на функционерите на СДСМ, но затоа Коста Петров како втор човек после Заев, се луксузира и си снима спотчиња и интервјуа за 200.000 евра, пари кои што се на граѓаните. Во ваква економски криза, ова е огромен скандал, кој го заслужува вниманието на јавноста и на институциите, секако и на медиумите кои први го обелоденија овој скандал. Затоа, прашуваме, дали Коста Петров со овие 200.000 евра има намера да ги преплати овие две агенции и тие подоцна да работат партиски агенди или веќе работеле за СДСМ, а не знаеме, или дали има намера преку овие две агенции да врши масовен поткуп со реклами на медиуми, што уште еднаш потенцираме дека е забрането законски и казниво со закон – праша Арсовски.

Прочитајте и...  МВР апелира до родителите да внимаваат на активностите на децата на социјалните мрежи

Тој додаде дека „која и да му е намерата на Петров, Фондот за иновации се покажа како златна кокошка за функционерите на СДСМ и за владата на СДСМ да испумпуваат пари, наместо парите да завршуваат онаму каде што треба како поддршка на стопанството или поддршка за иноваторите“.

– Чисто за споредба, со нешто повеќе од 200.000 евра се снима и режира нискобуџетен филм. Ова е начинот на кој СДСМ ги третира државните институции. Очигледно ова беше намерата за влез во политиката на Петров и ова беше намерата да стане директор на Фондот за иновации. Наместо да ги поддржува стопанството и иноваторите, тој си ги поддржува детските соништа да биде присутен на телевизија и тоа многу скапо за 200.000 евра. Очекуваме одговорност за ова недомаќинско работење и очекуваме веднаш институциите да го преземат и истражат случајот – истакна Арсовски.

Прочитајте и...  Италија ги одложува локалните и регионални избори: Драстично е зголемен бројот на новозаболени од ковид- 19

Поврзани вести

Стартува кампањата за пописот под слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам”

Слободен печат

Хант: ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извозот на вакцини за Австралија

Слободен печат

За овој месец најавен старт на имунизацијата на населението: Вакцините на „Фајзер“ треба да стигнат во првиот квартал од оваа година

Слободен печат

Каналот на Трамп на Јутјуб ќе биде дозволен штом се намали ризикот од насилство

Слободен печат

Истражување во САД: За повеќето Американци, Кина е непријател или конкурент

Слободен печат

ПЕЦ: Досега починаа 840 новинари во светот од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар