Арсовска ќе ја отстрани галијата, ама друго ништо не руши – така ветила

Фото: колаж/Слободен печат

Галијата поставена во реката Вардар во центарот на Скопје, чие отстранување започна во време на поранешната градска власт во Скопје, ќе биде срушена, согласно дадените налози од претходниот градоначалник Петре Шилегов, најави денеска градоначалничката Данела Арсовска.

Таа во исто време, со оглед на тоа дека нејзиниот претходник планираше дислоцирање и на другата галија, повтори дека новата градска власт нема намера да руши ништо друго, затоа што такво било нејзиното предизборно ветување.

„Во својот мандат, јас ништо нема да рушам“, рече таа.

Откако Арсовска стана градоначалничка на Скопје, галијата во реката Вардар не се урива. Повеќе од три месеци, ги нема работниците кои по налог на ексградоначалникот Шилегов почнаа со демонтирање на „бродот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот