Архиепискот Стефан реагира – на МТВ го напишале само Охридски, без Македонски

архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан реагира и бара извинување од МРТ за тоа што за време на синоќешниот Божикен концерт што беше пренесуван на МТВ1 на кајронот наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски” стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски”.

– За време на вчерашниот Божикен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки”, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски” стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски.

„Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната. Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова наше Барање и дека во иднина нема да се прават вакви сериозни грешки, Ве поздравуваме со торжествениот христијански позив: Х Р И С Т О С С Е Р О Д И!“, се наведува во реакцијата на поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан до директорот на јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) Марјан Цветковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот