Арестович: Лисичанск може да падне; Шојгу: Регионот на Луганск е ослободен

Украински војници во Луганск
Украински војници во Луганск / Фото: EPA-EFE/STR

Советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Олексиј Арестович, денеска изјави дека Лисичанск, последниот град под контрола на украинските сили во регионот Луганск, би можел да падне во рацете на руските сили бидејќи борбите се интензивираа викендов.

-Се ќе биде многу појасно за ден-два, кажа Арестович.

„Ова е вистинска закана. Ќе видиме. Не исклучувам ниту еден исход. Работите ќе станат многу појасни за ден или два”, рече Арестович.

Гувернерот на Луганската област, Серхи Хајдај, изјави дека Русите не попуштаат во нападот врз Лисичанск и од сите страни се приближуваат кон опколениот град.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, пак, денеска го информирал претседателот Владимир Путин дека и Лисичанск е заземен и дека целиот регион на Луганс е ослободен, пренесе Тасс.

-Воспоставена е целосна контрола над Лисичанск и околните области, наведе Шојгу и додаде дека само во последните 24 часа руските сили и силите на проруските сепаратисти во и околу Лисичанск освоиле 182 квадратни километри територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот