Анкета на Рејтинг: Весковски води со 10 отсто пред Зафировски

Душко Весковски/ Фото: Архива на Слободен печат

Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Душко Весковски е прв, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски е втор, Дарко Ристовски од Левица е трет, Стевчо Јакимовски од ГРОМ е на четврто и Христа Најденов од Коалицијата ЛДП и ДОМ на петто место на теренската анкета спроведена од агенцијата „Рејтинг” врз 700 испитаници, објавена денеска од „Фокус”.

На прашањето „Доколку изборите се одржат утре, за кој од овие шест кандидати би гласале?”, најмногу или 35,7 проценти одговориле за Душко Весковски од СДСМ, потоа 25,4 проценти за Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ, 8,6 проценти за Дарко Ристовски од Левица, 8,4 отсто за Стевчо Јакимовски од ГРОМ и 1,9 проценти за Христа Најденов од Коалицијата ЛДП и ДОМ.

Околу 8,6 отсто од испитаниците рекле дека „се уште не одлучиле за кого ќе гласаат”, 6,7 проценти рекле дека „нема да гласаат” и 4,7 отсто „одбиле да одговорат”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот