Ангажирани 450 полициски службеници во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 Изминатото деноноќие, од 07.00 часот вчера до 07.00 часот денеска, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на државата беа ангажирани околу 450 полициски службеници, 165 мото-патроли и 148 возила.

Како што информира МВР, во текот на посочениот период, во непосредна близина на пожарот кај месноста „Стара депонија” во Штип бил затекнат С.Г. (57) од Штип со патничко возило „опел астра”, во кое при контрола се пронајдени изгорени пружини, за кои појаснил дека ги палел за да ги продаде како отпадно железо. Известен е Јавен обвинител, а по комплетирање на материјалот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движат во шумски појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот