Андоновиќ: Коронавирусот гo потисна медиумскиот интерес за сите меѓународни теми меѓу кои и за мигрантската криза

Секојдневните информации за коронавирусот, статистиките, бројките, броењето на земјите со воведена вонредна состојба ги истисна информациите за другите случувања во светот. Оние политички и социјални процеси кои незапирливо и независно се случуваат, засега речиси и да не се споменати во информативните изданија на медиумите во светот.

Доминира веста за превентивната одлука на ЕУ дека ги затвора границите за сите лица кои немаат особена приина за пристигнување во земјите на шенген-зоната. Освен перманентниот статистички биланс на новозаболени, нови жртви и појава на коронавирусот на нови подрачја, медиумите во светот речиси и да не известуваат за ништо друго.

И доколку се известува за нешто повтроно е врзано со коронавирусот и пандемијата која Ковид-19 ја предизвика. Така, темата за која до пред појавата на коронавирусот беше на долго и на широко анализирана и која беше во фокус на светскиот информативен интерес, номинацијата за претседателски кандидат за изборите во САД, сега речиси не се тртира, а кога се третира тогаш истата е поврзана со коронавирусот.

Имено, според американските медиуми, кандидатот Џо Бајден е во поголема предност од Берни Сандерс. Повикувајки се на најновите анкети, Бајден ги уверил демократските гласачи дека би можел подбро да се справил со кризни ситуации меѓу кои и со сузбивањето на пандемијата на коронавирусот кој предизвика голема загриженост кај Американците.

Уште една глобална актуелна тема волшебно исчезна од извештаите на светските медиуми.. Секојдневниот рапорт за движењето на мигрантите и нивниот обид од Турција да се префрлат во Грција и ЕУ како да запра со коронавирусот. Наеднаш нема никакви информации ниту пак барем вест што се случува на точките каде до само пред 10 дена се јавуваше дека има вистинска мигрантска инвазија.

Последно од таму е дека голем број од државите кои имаат испратено припадници во меѓународната организација Фронтекс за заштита на границата на ЕУ, започнале да ги повлекуваат своите припадници бидејки им се потребни во споревдувањето на вонредните мерки кои голем број од државите ги воведоа поради појавата на коронавирусот

Сето ова укажува дека светот, светските медиуми и фокусот има капацитет да известува анализира и коментира за една актуелна тема, додека другите ги потиснува и ги става во процес на известување откако ќе ескалираат, констатира новинарот Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот