Анчелоти го тужи Евертон

Фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Aнглиските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти поднел тужба против својот поранешен клуб, Евертон.

Италијанскиот стратег на 9-ти јуни доставил тужба од судот во Лондон поради прекршување на потпишаниот договор. Случајот е наведен како „Анчелоти против фудбалскиот клуб Евертон“ и засега ниту една од страните во јавноста не го коментирала случајот.

Причината за тужбата е бонус од два милиони фунти кои Евертон не го исплатил, а според Анчелоти требало.

На клупата на англискиот клуб Анчелоти седеше од декември 2019 година до јули 2021 кога го напуштии се пресели во Мадрид. Евертон сезонава одигра лоша сезона во која до последното коло стравуваше за својот опстанок во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот