Амстердам планира да го забрани пушењето трева во центарот на градот

Unsplash
Unsplash

Властите во Амстердам планираат да го забранат пушењето марихуана во центарот на градот, како една од низата мерки за спречување на прекумерното забавување на туристите и заштита на областа за локалното население. Се очекува новите правила главно да влијаат на ноќниот живот. Официјалните лица рекоа дека отворениот и слободен карактер на Амстердам им дава на посетителите лажен впечаток дека „сè може и сè е дозволено“, објави Индекс хр.

Градските власти планираат кампања за да ги обесхрабрат меѓународните туристи да дојдат во Амстердам за да се „ослободат“. Планираната забрана за пушење трева во делови од центарот на градот не е наменета за продажба во кафулиња, туку за потрошувачка на отворено на одредени плоштади и улици.

На прекршителите ќе им бидат изречени високи казни. Претставниците на Амстердам сакаат да го заштитат центарот на градот од „претуризам“, што значи повеќе посетители отколку што може да поднесе областа.

Се очекува во 2023 година да дојдат 18 милиони посетители, а градските власти наведуваат дека границата е 20 милиони. Амстердам има 900.000 жители, а се очекува градскиот совет да донесе построги правила пред Божиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот