Американскиот амбасадор во Приштина повика двете страни да ги спроведат сите обврски од дијалогот

Фото Твитер

Амбасадорот на САД во Приштина, Џеф Ховениер, на својот официјален профил на Твитер се огласи по средбата одржана во Амбасадата во врска со формирањето на Заедницата на српските општини, на која присуствуваа претставници на српската и албанската заедница од Владата, опозицијата и граѓанскиот сектор во Косово.

„Денеска одржавме расправа за Заедницата на општини со српско мнозинство. Благодарни сме на различните присутни засегнати страни што ги споделија нивните ставови и експертиза. Продолжуваме да се залагаме за спроведување на сите заложби од дијалогот”, напиша Ховениер.

На состанокот присуствуваа претставници на различни косовски министерства, Владата, Собранието и Претседателството на Косово, како и претставници на опозициските партии и иницијативи и претставници на невладината „Нова социјална иницијатива” од Северна Митровица и „Институт за афирмација на меѓуетнички прашања” од Приштина и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот