Американски фармацевт намерно уништувал вакцини, осуден на три години затвор

Фото: Профимедиа

Фармацевт од САД е осуден на три години затвор, откако признал дека намерно ги уништувал вакцините на „Модерна“, пренесува Ројтерс.

Тој во Декември, знаејќи дека вакцините треба да се чуваат на ниска температура, ги вадел од ладилникот и ги оставал надвор со часови, по што повторно ги враќал назад. Овие вакцини следниот ден биле користени за вакцинирање на луѓе.

Стивен Р. Бранденбург е осуден на три години затвор и треба да и плати 83,300 илјади долари компензација на болницата во која работел.

Преку 124 милиони дози на ,,Модерна“ се веќе искористени во Соединетите Држави. Втората доза на вакцината е 90% ефективна против симптомите на Ковид-19 и 95% против други тешки видови болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот