Американец случајно го застрелал својот брат за време на лов

Фото: Профимедиа

Во саботата маж во Мичиген случајно го застрелал својот брат додека биле во лов на елени.

Двајцата биле на лов во подрачјето Бостон Тауншип, на 200 километри северозападно од Детроит и го барале еленот кој еден од браќата веќе го ранил, пишува Си-Ен-Ен.

Околу 17:30 часот по локално време, тие се раздвоиле во густо поле со пченка. Еден од нив сметал дека го видел еленот и испукал куршум од пушката, па по забуна го погодил својот брат.

Братот кој пукал веднаш повикал итна помош, па повредениот брат со хеликоптер бил префрлен во болница во Гранд Рапидс. Тој се наоѓа во сериозна, но стабилна здравствена состојба.

Иако не е утврдена точната причина за пукањето, двајцата потполно соработувале со истражителите, па се претпоставува дека се работи за несреќен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот