Американците потрошиле повеќе од 9 милијарди долари на „црниот петок“

„Црн петок“/ Фото: Francis Joseph Dean/Dean Picture / Shutterstock Editorial / Profimedia

Американските потрошувачи потрошиле рекордни 9,12 милијарди долари за време на овогодинешниот „црн петок“ исклучиво на онлајн купување, покажуваат податоците на Адобе.

Онлајн трошењето се зголемило за 2,3 отсто тој ден, пред се благодарение на потрошувачите кои чекаат попусти, соопшти филијалата на компанијата, Адобе Аналитикс, која ја мери е-трговијата и има пристап до податоците кои ги покриваат купувањата на 85 од 100-те најдобри онлајн трговци на мало во САД.

Пред тоа, се предвидуваше дека продажбата на црниот петок ќе порасне за скромни 1 процент. Адобе очекува Сајбер Мандеј повторно да биде најголемиот ден за онлајн шопинг во сезоната, со 11,2 милијарди долари.

Се очекуваше потрошувачите да се собираат во продавниците откако пандемијата влијаеше на купувањето во продавниците во последните две години, но тоа не се случи.

Американците се свртеа кон паметните телефони за да го направат својот празничен шопинг, при што податоците од Адобе покажуваат дека купувањето преку мобилни телефони сочинува 48 проценти од целата дигитална продажба на црниот петок, објави Блик бизнис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот