Амбасадорот на Украина во Србија: Односот на Киев кон Косово не се менува

Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Амбасадорот на Украина во Србија Володимир Толкач денеска повтори дека ставот на официјален Киев за прашањето за Косово не се менува, односно дека Украина не го признава Косово како независна држава, но ѝ изрази благодарност за поддршката и помошта од Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ставот на официјален Киев за прашањето за Косово не се менува, но воедно изразуваме благодарност за ставот на Приштина во однос на војната во Украина и пружањето помош. Отсекогаш сме биле стабилни во однос на надворешната политика и секогаш сме ја поддржувале секоја земја во границите кои се меѓународно признати“, изјави Толкач за РТК.

Кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, украинскиот амбасадор рече дека најважно е да се бара компромис.

„Говорејќи од позиција на Украина, ние веќе 23 години одиме по патот на компромисот бранејќи ја нашата земја, но не успеавме да ја избегнеме оваа крвава војна. Затоа, што се однесува до компромисот, не знам дали тој може да се постигне. Од друга страна, компромис треба да се бара до последен момент“, посочи амбасадорот.

На прашањето за санкциите против Русија, што ги бараат ЕУ и Западот од Србија, Толкач кажа дека би било добро „Србија заедно со Украина да ги брани европските вредности”.

„Украина и Србија имаат заедничка цел, а тоа е интеграција во ЕУ. Не можам да очекувам и да инсистирам Србија да воведе санкции кон Русија, но би биле благодарни доколку новоформираната српска влада оди заедно со нас на патот што заедно го избравме, а тоа е патот кон ЕУ“, додаде украинскиот амбасадор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот