Амбасадорите при влез во држвава ќе се спроведуваат во задолжителна контролирана самоизолација

Фото: Слободен печат

Владата на денешната седница го прифати  Протоколот за влез на странски дипломати акредитирани во земјава и членови на нивните семејства. Според препораките од Главниот координтивен штаб, амбасадорите при влез во држвава треба да бидат спроведени во задолжителна контролирана самоизолација.

Воедно од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерства и другите органи на државната управа, се изземени вработените во Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, со цел работното време за вработените лица во овие институции да биде осум часа, а надоместот за извршена прекувремена работа да биде исплатен по изминати осум часа работа.

На последната седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација на активностите за спречување на внесување и ширење е донесен и заклучок надлежните институции да ја разгледаат можноста за лицата кои треба да бидат вратени од Република Италија преку хуманитарен лет, да се продолжи рокот од 14 дена  за задолжително спроведување во државен карантин и да биде намалку 21 дена. Лицата треба да бидат сместени во еден објект кој ќе биде под постојан медицински и безбедносен надзор.

Според препораките, Министерството за здравство, во соработка со Град Скопје, треба да утврдат список и број на здравствени работници кои треба да користат превоз за работа во трета и четврта смена, со цел да се воспостави организиран превоз на одредени пунктови од страна на ЈСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот