Амбасадата на Чешка донираше болнички кревети и душеци во Клиничка болница Штип

Амбасадата на Република Чешка денеска донираше 24 болнички кревети и душеци за потребите на детскиот оддел на Клиничката болница Штип.

Амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва изјави дека ова е еден од начините да се помогне во развојна соработка меѓу двете земји.

– Оваа донација е заеднички подарок од нас и граѓаните на Чешка. Се надевам дека придонесуваме за комфорност на пациентите, изјави Лудва.

Министерот за здравство Фатмир Меџити порача дека заедно со својот тим се залагаат што побрзо да заврши реконструкцијата на оваа болница.

– Имаме добри кадри во оваа болница и не заслужуваат да работат во вакви услови, но и пациентите треба да добиваат подобри здравствени услуги, додава министерот.

Ален Георгијев директор на Клиничкиот центар Штип вели дека со оваа донација и целосната реконструкција, како и добивање апаратура придонесуваат кон подобар престој и подигање на квалитетот на услугите за пациентите.

Чешката амбасада оваа донација ја реализира заедно со Корпорацијата за развој на соработка на Чешка – ИЦС системи и Промедика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот