Ало, Заев? - Слободен печат

Ало, Заев?

Телефонските разговори на премиерот Заев со лажните Порошенко и Столтенберг, кренаа голема прашина во јавноста.

Ваквите разговори веднаш го вклучија црвениот аларм во Владата, бидејќи доаѓаат токму во време кога Македонија е на прагот на НАТО и Европската Унија. Очигледна е намерата на некои структури, како што рече и самиот Заев, овие разговори да се објават токму сега, во ваков сензитивен период за нашата држава.

Факт е дека лажните вести се секојдневен проблем, не само кај нас, туку општо во светот, а во нашите медиуми секојдневно се сe поприсутни.

Но, настрана тоа. Она што повеќе загрижува е пропустот на протоколот на Заев. Веднаш откако ги слушнав разговорите си помислив, ова е резултат на карактерот на Заев и неговата намера да биде отворен и да се претставува себеси како човек од народот. Не се ни сомневав дека е поинаку. Но, сепак, кога си на таква одговорна функција, не смееш да се однесуваш своеволно и да си правиш што сакаш.

Прочитајте и...  Коби и Ванеса Брајант - детската љубов која ги издржа сите предизвици, а заврши трагично

Токму затоа се измислени протоколите и службите, токму затоа и се вработени толку многу советници во неговиот кабинет. Ако Заев не сака да ги слуша советниците и да ги следи протоколите, тогаш ќе биде жртва на ваквиот негов отворен однос. Друго и не може да очекува.

Еден сериозен политичар не смее да си дозволи да биде толку отворен и да се однесува народно, како што тоа го прави Заев. Тој можеби е одличен економист, но после ова, очекувам да помине некаква дипломатска обука и школа за тоа како треба да постапува дипломатски во одредени ситуации. Тоа ќе биде за негово добро.

А оние од протоколот, нека размислат уште еднаш, дали и понатаму покорно ќе го слушаат својот шеф и ќе го оставаат на Ватс ап и на Вибер да се слуша со секого, или пак, ќе се фатат за работа и ќе ги следат правилата на комуникација, ќе го потегнат Заев за уши и ќе му кажат како треба. Бидејќи во случајов не е жртва само Заев. Жртва е нашата држава и нејзините стратешки определби и интереси.

Прочитајте и...  Распнат коњ се превезува по скопските улици (ФОТО) 

А кога државата е во прашање, своеволното однесување е недозволиво.

Прочитај повеќе

Моменти после хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант (ФОТО)

Слободен печат

Кејт Мидлтон едвај ја задржа сукњата на себе: Во последна минута избегна катастрофа! (ФОТО)

Слободен печат

Жителите на Вухан од зградите ја пејат химната (ВИДЕО)

Слободен Печат

Распнат коњ се превезува по скопските улици (ФОТО) 

Слободен печат

Котевска: Да појасниме, не стојам јас до Леонардо ди Каприо, тој стои до мене (ФОТО)

Слободен печат

Кордалов: За безбедноста на интернет потребно е родителите први да го започнат разговорот со децата, пред некој друг да го стори тоа

2 comments

Vele 09/07/2019 - 14:35 at 14:35

Kako i da e, sekogash drugi ni se vinovni… Taka so “starata”, taka so “novata” vlast…

Reply
Vele 09/07/2019 - 15:14 at 15:14

Ushte neshto (sekogash ima ushte neshto..). Smeshno e da se reche bilo senzitiven period na objavuvanje na razgovorot. Koga ne kje bil senzitiven periodot, togash koga e snimen t.e togash koga e iznakazhano toa shto e iznakazhano!? Smeshno ili tragichno, seedno.

Reply

Остави Коментар

twenty − 2 =

Прочитај повеќе

Коби и Ванеса Брајант – детската љубов која ги издржа сите предизвици, а заврши трагично

Слободен печат

МИСТЕРИЈА ЗА ПАДОТ НА АВГАНИСТАНСКИОТ АВИОН: Талибанците се фалат дека го урнале, од Пентагон НЕМА КОМЕНТАР

Слободен печат

Оскари 2020: Само зеленчук на маса, менито ќе биде 70 отсто веганско

Слободен печат

Општина Ѓорче Петров донесе одлука: Децата и наставниците на час, без мобилен

Многу нешто смрди во „Јавната соба“

Сашо Орданоски

Секогаш на страната на народот: „Слободен печат“ го повлече написот „Жртва на „Јавна Соба“: Државата да ги казни тие што ми го нарушија угледот!“

Слободен печат