Албин Курти тврди: Или јас премиер или одиме на избори

Победникот на предвремените избори кои се одржаа на 6 октомври во Косово, Албин Курти изјави дека го гледа само Демократскиот сојуз на Косово како дел од коалицијата за формирање на влада и дека доколку овој договор не биде постигнат тогаш ќе има други избори. Албин Курти кој гостуваше во емисијата „Real Story” во албанската телевизија „News 24”, изјави дека премиер ќе биде тој и во владата – Самоопределување, или земјата повторно ќе влезе во избори.

– Наша среќа е ние да владееме заедно со ДСК. Нема друга можност. Или Самоопределување во владата и јас нов премиер, или предвремени избори. Јас не се плашам од избори – изјави Курти. Тој додаде дека има многу добра соработка со ДСК, која ја имаше од опозиција и се надева дека ќе се рефлектира и во владеењето. Курти се надева дека ќе ги усогласуваат нивните програми за да формираат добра владејачка коалиција.

Во врска со Вјоса Османи, Курти ги даде своите оценки, но изјави дека сеуште не е постигната ниту една согласност за поделба на владејачките функции.

– Кандидатурата и кампањата на Вјоса Османи охрабри многу девојки да се занимаваат со политика. И се заблагодарувам за ова и сакам да соработувам со неа во секој капацитет каде сака таа. Нема сеуште усогласување на програмите за да ги делиме задачите и владејачките функции. Со ДСК досега се договоривме да имаме 12 министерства, за да имаме само еден министер Србин и да имаме 30 отсто жени – изјави Курти, пренесува Газета Експрес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот