Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Северна Македонија и од Грција

Ковид амбуланта во Албанија. / Фото: МИА

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Северна Македонија и од Грција.

Одлука за тоа денеска донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.

-Несомнено, ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Додаде дека велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи предвид дека минатата година по овој празник бројот на новозаразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот