Аларм во Токио, корона во хотелот на бразилската џудо репрезентација

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Осум вработени во хотел во јапонското место Хамаматцу во кој е сместена бразилската џудо репрезентација се позитивни на коронавирус.

Од управата на хотелот објавија дека сите 30 вработени биле тестирани во саботата пред доаѓањето на бразилската репрезентација, и дека ниту еден од заразените немал никаков контакт со спортистите.
Само тие кои имаат негативен тест работат во хотелот. На екипата и објаснивме дека во меурот се само здрави работници“ – изјавија од управата на хотелот.

Во Токио е прогласена вонредна состојба поради ширењето на коронавирусот и зголемиот број на позитивни лица. Во средата беа регистрирани нови 1.149 заболени, што е најголем број на заболени уште од јануари годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот