Ахмед ал-Шара/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Ал-Шара: Заштитата на Друзите во Сирија и нивните права е приоритет за сириските власти

Заштитата на Друзите во Сирија и нивните права е приоритет за сириските власти, изјави денес сирискиот привремен претседател Ахмед ал-Шара.

Тој им се обрати на граѓаните по вчерашните израелски напади врз јужна Сирија и воздушните напади врз Дамаск, нагласувајќи дека отфрла секаков обид за вовлекување на Сирија во војна, пренесува Ројтерс.

„Ние не сме меѓу оние кои се плашат од војна. Цел живот се соочувавме со предизвици и го браневме нашиот народ, но ги ставивме интересите на сирискиот народ пред хаосот и уништувањето“, рече Ал-Шара.

Тој додаде дека сирискиот народ не се плаши од војна и е подготвен да се бори ако му биде загрозено достоинството.

Во врска со конфликтот во јужна Сирија, Израел претходно вчера нападна неколку цели во Дамаск, вклучувајќи ја и зградата на Министерството за одбрана, а според информациите од сириското Министерство за здравство, три лица се убиени, а 34 се ранети.

Друзите и Бедуините претходно три пати се согласија на прекин на огнот, но секој пат брзо го прекршуваа и продолжуваа со борбите во градот Свеида, каде што мнозинството од населението се Друзи, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот