Ако умее со машина, умее и со тело: Момци, откријте какви сте во кревет според вашата професија

Emiliano Vittoriosi/Unsplash

Магазинот „Redbook“ спроведе истражување со 400 омажени жени кои имаат редовен секс со своите мажи, со цел да дознаат кои се најдобри љубовници, според професијата.

Еве како изгледа нивната листа, од најдобри до најлоши:

1. Уметници

Нивните жени тврдат дека тие се најдобрите љубовници. Тие многу се трудат околу предиграта, а голем број жени отворено признаваат дека понекогаш токму предиграта им причинува поголемо задоволство од самиот секс.

2. Градинари

Сопругите признале дека имаат секс со своите мажи-градинари најмалку двапати неделно. Но, тие малку се трудат околу оралното задоволување со партнерката. Сепак, тоа не ги прави лоши љубовници, напротив, ги опишале како повеќе од добри.

3. Возачи на камиони/механичари

Нив најмногу ги бидува за орален секс, но и за предигра целокупно. Тие го оцениле својот сексуален живот како одличен и дека од умор заспиваат веднаш по оргазмот.

4. Мали бизнисмени

Тие се желни да експериментираат, па дури и да вметнат по некоја играчка во сексуалната игра. Единствено, нивните жени би сакале само малку подолга предигра.

5. Инженери/архитекти

Тие се грижат да ја задоволат својата жена, а сексот со нив трае доволно долго за да биде совршен. Мал дел од жените се пожалиле на предолга предигра.

6. Менаџери/раководители

Нивните сопруги не се нешто задоволни генерално од сексуалниот живот. Мажите од овие професии повеќе сакаат да се галат, но може и да се пофалат со добар талент за орален секс.

7. Мажи во униформа

Иако овие мажи зрачат со сексапил и се грижат за задоволството на својата партнерка, таа често не е целосно задоволена. Мал број од нив се спремни на експериментирање во кревет.

8. Продавачи

Тие имаат редовен секс, па затоа и не сметаат дека е значајно многу да вложуваат во својата сексуална игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот