Акција за чистење околу Крушевско езеро

Јавното претпријатие „Комуна” од Крушево денеска организираше акција за собирање отпадоци околу Крушевско Езеро, спортските игралишта и т.н. „корзо”.

Од јавното претпријатие информираат дека е собрана голема количина отпадоци и апелираат на одговорност и заедничка работа на заштита на животната средина.

– Детектиравме многу отпад особено околу Крушевско Езеро и спортските игралишта како места со најголема посетеност во Крушево. Исто така, добивме и пријави од граѓани за загаденост во овој предел и околу детското одморалиште. Ќе продолжиме со овие активности, но подеднакво е важно како граѓани да бидеме одговорни и секој од нас да придонесе за заштита на нашата околина и овие убави места во град Крушево, потенцираше в.д. директорката Станка Ефремова Трајкоска.

Од ЈП „Комуна” потсетуваат дека од декември 2020 година започна со кампања за подигнување на свеста за правилно складирање и исфрлање на отпадот од домаќинствата и на сите јавни површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот