Акција на засадување дрвја

Во организација на граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија”, денеска на јавната површина до скопската гимназија Зеф Љуш Марку ќе се спроведе акција на засадување дрвја.

Настанот е поддржан од Град Скопје, Јавното претпријатие Паркови и зеленило од Скопје и од Халк банка Македонија која ги обезбеди садниците за јавната површина, а кои се резултат од реализираните активности на граѓаните кои ја користат мобилната апликација HalkEco преку која банката ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност и како одговор на нивната активност засадува дрвја.

Во акцијата на засадување дрвја ќе се вклучат граѓани волонтери, а присуство најавија и вработените од хотелот „Мериот” од Скопје.

Акцијата „Денови на колективно садење дрвја во Македонија на 26 и 27 Октомври” е граѓанска иницијатива. Започната е со идејата дека секој може да засади дрво и со тоа да придонесе за подобрување на сопственото опкружување и во борбата против климатските промени.

Во акцијата се приклучија повеќе училишта од земјава кои засадувањето на дрвјата го вклучија во нивните еко активности во наставната програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот