Акцентот пресуди: Истражување откри кои славни личности имаат најсекси глас

Фото: EPA / Profimedia

Дали некогаш сте се запрашале која славна личност има најсекси глас?

Веројатно постои некоја славна личност чиј глас навистина ви се допаѓа. Не мора да се срамите од тоа, особено откако е објавена листата на познати машки и женски личности со најсекси гласови. Истражувањето беше спроведено од „Пар Муа“, британски моден бренд специјализиран за долна облека, костими за капење, ноќници, облека и спортска облека.

„Некои славни личности се познати по нивните сензуални гласови; без разлика дали се тоа нивните длабоки вокални тонови или заводливи акценти, некои гласови на познати личности особено ни се допаѓаат кога и да ги слушнеме“, се вели во истражувањето.

„За да откриеме кои гласови на славни личности нè привлекуваат најмногу, спроведовме истражување во која учесниците слушаа кратки снимки од 100 познати личности, од кои сите некогаш беа пофалени за нивниот привлечен вокал. Истражувањето вклучуваше оценување на гласовите на различни фактори, од кои сите научно е докажано дека придонесуваат за сексуално попривлечен глас“, објаснува истражувањето.

Во истражувањето беше побарано од учесниците да ги оценат аудиоснимките според следниве фактори:

висина на тон: некои студии покажаа дека хетеросексуалните мажи и жени повеќе ги привлекуваат пониски гласови од спротивниот пол

брзина на зборување: студија од 2016 година покажа дека оние кои зборуваат малку побрзо се перцепирани како попривлечни и посамоуверени

гласност: психолозите открија дека луѓето со погласен глас се сметаат за попривлечни

привлечност: колку привлечно звучеше гласот за секој учесник.

Исто така, учесниците требаше да го изберат зборот што најдобро го опишува гласот што го слушнале, на пример, рапав, сензуален, назален и требаше да одлучат дали акцентот има ефект врз привлечноста на гласот.

Во истражувањето беа направени одделни машки и женски листи, а потоа и заеднички. Според резултатите победник е британскиот рапер Стормзи со неговиот „лондонски акцент“.

„Официјално е – Стормзи го има најсекси гласот, со вкупен резултат од 31,2 од можни 40. Интересно е што неговите корени од Лондон се чини дека придонесуваат за севкупната привлечност, при што 80 отсо од учесниците веруваат дека неговиот британски акцент го прави посекси“, се вели во истражувањето.

Во продолжение погледнете ја целосната листа.

Топ 10 најсекси машки гласови

Стормзи
Нкути Гатва
Крис Хемсворт
Пол Мескал
Мајкл Б Џордан
Џејми Дорман
Даниел Калуја
Џерард Батлер
Џон Батлер
Ричард Маден

Топ 10 најсекси женски гласови

Салма Хајек
Флоренс Пју
Гал Гадот
Мишел Јео
Наоми Кемпбел
Дуа Липа
Кира Најтли
Розамунд Пајк
Џилијан Андерсон
Емили Блант

Топ 10 во комбинираната листа

Стормзи
Нкути Гатва
Крис Хемсворт
Салма Хајек
Пол Мескал
Мајкл Б Џордан
Флоренс Пју
Џејми Дорман
Гал Гадот
Даниел Калуја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот