Ахмети: Преговорите за формирање влада може да почнат, уште нема ништо конкретно

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска по завршување на конститутивната седница на Собранието изјави дека преговорите за формирање нова влада може да почнат, но оти уште нема ништо конкретно.

-Денеска беше конститутирано Собрание, сега ќе видиме која ќе биде агендата и кои ќе бидат приоритетите на Собранието, така што рано е да зборуваме за очекувањата, изјави Ахмети за Алсат М.

Тој додаде дека денеска може да почнат преговорите за формирање влада, но оти уште нема  ништо конкретно.

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, во салата со Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав каде присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот