Ахмети: Навредата за „пет пари” многу боли, но сме поминале многу

Изборен собир на плоштадот во Тетово одржа Демократската унија за интеграција, предводена од носителот во шестата изборна единица Али Ахмети и кандидатот за премиер Насер Зибери. Партискиот лидер Ахмети рече дека со нивните идеи на овие избори создаваат нова историја.

Сите зборуваа НАТО, НАТО, НАТО ете влеговме и во НАТО. Сега одиме наоред да кроиме нова историја. И помогнавме на оваа држава да тргне по прав пат и сега отвораме нови поглавја. Ние имаме достоинство и со сите поглавја што сме ги отвориле на екононски план, со влезот во НАТО, евроинтерграција Но јас не сакам да се заборави оваа навреда што денеска ја слушнав и се шокирав. Навредата за пет пари многу боли, но сме поминале многу, УДБА и удбаши и многу неправди, ние нема од што да се плашиме имаме ориентација и цел и сакаме да ја реализираме. За тоа ќе им покажеме на 15 јули и да видат кои сме ние, истакна Ахмети.

На собирот се обратија и кандидати за пратеници во 6 изборна единица, како и Насер Зибери, кандидат за премиер од редовите на ДУИ.

Поминавме многу места и јас гледам дека оваа идеја што дојде од Али Ахмети излезе од кај Албанците и ја има кај сите во Северна Македонија. Ова ни дава гаранција дека ќе го добиеме мандатот. Јас можам да ви ветам дека ќе има владеење на правото. Нема да има ништо надвор од правните рамки. Ќе работиме на полето на економијатада има работа за младите, во образованието да има нови училишта. Кога ќе ја напуштиме функцијата ќе бидеме со чист образДа ги повикаме Македонците да гласаат за нас нема да им фали ништо, нема да им биде ускратено ниту едно право, ќе има еднаквост за сите, не се плаштете од ДУИ и Албанците, истакна Зибери.

Кандидатот за премиер и кандидатите за пратеници остварија неколку средби со граѓани во тетоските села Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема Речица и Мала Речица.

Прочитајте и...  Радио Нов Зеланд: Сто мртви делфини насукани на бреговите на архипелагот Чатам

 

Поврзани вести

Лисица ги изненади скопјани 

Илинка Иљоска

Затвореник измачувал и убил педофил, сакал и да го изеде. Пред судијата рекол дека убаво си поминал

И.И.

Лисиче и Аеродом се гасна комора, се жалат граѓаните на социјалните мрежи

Илинка Иљоска

Расфрлени кондоми и 80 луѓе без маски: Полицајци упаднаа на забава во Њујорк, сфатија дека прекинале оргии

Слободен печат

ВИДЕО: Австралија во шок откако тинејџер беше онесвестен од обезбедување бидејќи не носел маска

СП.

Правеле хрватски пасоши за криминалци од Србија и Црна Гора, уапсени 11 лица

И.И.

Остави Коментар