Адеми со Динамо ита кон групите во ЛШ (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Адеми со Динамо ита кон групите во ЛШ (ВИДЕО)

Вечерва на возвратниот дуел од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, Динамо Загреб по вторпат го совлада Сабуртало Тбилиси со 3:0.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој ја носи капитенската лента го одигра целиот натпревар против грузискиот претставник на стадионот „Максимир“.

На реваншот сите голови беа реализирани во последните 20 минути од средбата, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Оршиќ, Петковиќ и Олмо.

Во наредното трето квалификациско коло како претпоследна пречка кон групите во ЛШ, хрватскиот шампион ќе ги одмери силите против Ференцварош.

Унгарците во чии редови се наоѓа и нашиот Стефан Спировски, го елиминираа тимот на Валета од Малта.

Патниците во третото квалификациско коло на ЛШ се уште АПОЕЛ, Селтик, Клуж, Базел и Олимпијакос. Елиминираните Сутјеска, Номе Калју, Макаби Тел Авив, ПСВ, Сабуртало Тбилиси, Валета и Плзењ продолжуваат во третото квалификациско коло на ЛЕ, каде што за жал нема да биде Шкендија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close