АБК денеска со претставници на граѓанскиот сектор и медиумите за политичката ситуација во Косово

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Алијансата за иднината на Косово (АБК), на чело со Рамуш Харадинај, денеска ќе разговара со претставници на граѓанското општество и медиумите за политичката ситуација во Косово, пренесува Економи онлајн. Состанокот ќе се одржи во Собранието на Косово.

Како што се наведува во соопштението на АБК, на средбата ќе се разговара како да се излезе од актуелната политичка криза.

„Пратеничката група Алијанса за иднината на Косово започна циклус дискусии за сериозната политичка ситуација во Косово и можните начини за излез од оваа ситуација, со учесници од јавниот живот, експерти, претставници на граѓанското општество и медиумите“, се вели во соопштението на АБК.

Претходно опозициската ДСК покрена акција во која претставници на таа партија во неколку наврати разговараа со невладиниот сектор, претставници на медиумите и аналитичари за актуелната политичка состојба на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот