Абазовиќ за судирите на Цетиње и сеирот на Чанак: Тешко на Црна Гора ако тој ја брани

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ нагласи дека меѓу насобраната маса демонстранти на Цетиње, кои се спротивставија на устоличувањето на митрополитот Црна Гора и Приморје, Јоаникиј, биле и луѓе од криминалното опкружување, кои сметале дека ова е нивна шанса да обезбедат нелегално стекнат имот.

Абазовиќ запрашан да ги коментира наводите дека немирите во Цетиње се поврзани со нервозата околу пресретнатиот товар од 1,4 тони кокаин во Зета, рече дека не треба сите што беа таму во неделата да бидат доведени на исто ниво.

– Имаше протест на луѓе кои беа водени од нивните мотиви и убедувања, но дека имаше и такви од криминалното милје, оние кои сакаа да го заштитат својот криминално стекнат имот, имаше. Тие логистички и помогнаа на организацијата, а истрагата ќе покаже до кој степен. Таму, тие ја видоа својата шанса да се вратат на власт и да продолжат со своите криминални дејствија непречено. И сето ова е само инструмент каде одредени структури сакаат да достигнат одредена моќ – рече Абазовиќ за ТВ Прва.

Абазовиќ: Чанак дојде на Цетиње да пие кафе и да се забавува

Претходно Ненад Чанак ја обвини црногорската влада за „намерно испровоцирани и фалсификувани немири“, се со цел целосно соборување на Мило Ѓукановиќ, додека Српската православна црква е колатералната штета во таа игра на релација Ѓукановиќ-Абазовиќ.

– Не знам како да одговорам за да останам коректен кон господинот Чанак. Тешко на Црна Гора ако ја брани. Тоа е разликата помеѓу обичните граѓани и луѓето што дојдоа да се рекламираат, да дадат неколку изјави и да седнат во градско кафуле во Цетиње и добро да се забавуваат, а г -дин Чанак беше виден како седи со луѓе блиски до Ѓукановиќ – рече тој.

Според него, се што е направено било неопходно за да се зачува мирот во земјата.

– Се што се случи мораше да се случи, за да се заштити мирот во Црна Гора, бидејќи имавме најава дека оние што ја поддржуваат црквата ако не се случи устоличувањето, дека ќе одат кај демонстрантите од другата страна – рече вицепремиерот , и додаде дека е штета што морало да се користат хеликоптери, солзавец, бидејќи сепак тоа требало да биде свеченост, но дека тоа е реалноста на Балканот.

Вицепремиерот задоволен од воздржаноста и единството на безбедносните служби

Абазовиќ понатаму објаснува за работата на безбедносните служби кои ги направиле сите потребни безбедносни проценки.

– Дел од тактиката беше да се воздржи и да реагира кога е потребно. Имавме информации од безбедносните служби, проценка на безбедносната состојба и се друго што ни требаше. Крајниот резултат е поволен, немавме жртви, нема повредени, немаме продолжен конфликт, луѓе на улица, демонстрации во други градови. Безбедносниот сектор го положи големиот испит- рече тој и додаде:

“И тоа требаше да се направи, да се процени дали луѓето што дојдоа таму се безбедни. Јас сум и вицепремиер, така што понекогаш имам проценка од полицијата дека не треба да се појавам некаде”.

Абазовиќ ги негираше наводите дека луѓето во безбедносниот сектор одбиле работни задачи.

– Сведок сум на настанот, така што можам да кажам дека се што се зборува не е вистина, а сите луѓе беа со директорот и сега се. Безбедносниот сектор беше на располагање, даде резултати, имаше различни оперативно-технички и оперативно-стратешки размислувања, и тоа е нормално за многу помали ситуации од ова. Лошо е што сега создаваме ситуација која го напаѓа безбедносниот сектор, може тоа да доведе до нестабилност во Црна Гора – посочи тој и додаде:

“Исклучително сум горд на сите оние кои учествуваа во акцијата. Тие беа обединети и цело време се бараше духот на единство”.

Тој не негираше дека се уште има луѓе на власт кои се лојални на претходниот режим.

– Власта не е променета 30 години, така што луѓето се групирани на политичка основа, и тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ – рече Абазовиќ.

Такво сценарио, рече тој, не треба да се очекува за време на доаѓањето на патријархот во Беране за устоличување на владиката будванско никшиќки.

– Разликата меѓу Цетиње и Беране е што во Цетиње имаше противење од локалната заедница, а такво нешто нема во Беране. Дали е можно некој да дојде од друг град и да создаде проблем, можно е – но државата треба да и овозможи на црквата да ги оствари своите права – изјави вицепремиерот за ТВ Прва.

Абазовиќ за погрдното скандирање против него

На вчерашниот фудбалски натпревар што се одигра помеѓу Црна Гора и Литванија, дел од публиката навредливо скандираше кон Абазовиќ, а тој вели дека тоа е режирано од страна на луѓето кои сакаат да се вратат на власт.

– Лично, не ми пречи скандирањето. Жал ми е што се мешаат политиката и спортот, одамна нема политички скандирања на нашите трибини, но некои луѓе се под влијание на структури кои би сакале да се вратат на власт. Не би направил драма од тоа, тие мислат дека ќе ме навредат со тоа, но не, да бев таму, ќе скандирав со нив – заклучи тој.

Извор: ТВ Прва.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот