86-годишниот Берлускони има желба да продолжи да ја води партијата и покрај болеста

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека сака да продолжи да ја води конзервативната Форца Италија, една од партиите во десничарската коалициска влада, и покрај неговата болест и возраста.

Берлускони, (86) за весникот „Кориере дела сера“ денеска изјави дека раководството на партијата „не било само“ за време на неговиот 45-дневен престој во болница.

„И тие нема да бидат сами, бидејќи секако ќе продолжам целосно да ги извршувам моите одговорности како основач и претседател на Форца Италија, како што правев секогаш“, додаде тој.

Берлускони беше пуштен од болница минатиот петок. Тој беше примен во болница на почетокот на април поради пневмонија и исто така се лекуваше од хронична леукемија. Тој беше на интензивна нега околу две недели.

„Беше тешко, но секогаш бев самоуверен, рече Берлускони и нагласи дека сега му е подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот