Од понеделник се отвораат кафулињата и рестораните во Нови Сад, Крагуевац и Ниш

Јавниот превоз во Белград ќе биде рестартиран на 8 мај, а градинките и дневниот престој ќе бидат отворени на 11 мај.

Од понеделник на 4 мај ќе се отворат рестораните и кафулињата, како и јавниот превоз во Нови Сад, Крагуевац и Ниш, пренесува Блиц.

Јавниот превоз во Белград ќе биде рестартиран на 8 мај, а градинките и дневниот престој ќе бидат отворени на 11 мај.

Што се однесува до граѓаните на возраст над 65 години, од овој понеделник можат да одат еден час на ден на прошетки и помеѓу 18 и 1 часот по полноќ.

Во Србија, домашните миленици е дозволено да се шетаат од 23,00 до 1,00, на 200 метри од регистрираното живеалиште. Во недела, сопствениците можат да ги шетаат своите миленици од 8 часот наутро до 10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот